ВИДЕО – Лесноски: 5-6 пати бев многу блиску да добијам 500.000 евра и конечно погодив

Ване Лесноски од Прилеп е човекот кој ги „олесни“ кладилниците „Mozzart“за 520.000 евра. Уплатил 7 тикети кои вкупно чинеле околу 400 денари. Често играл спортска. Вели дека 5-6 пати бил многу блиску да добие 500.000 евра и конечно погодил. Лани овој месец добил 25.000 евра и смета дека овој период од годината му е среќен период. Инфо Компас направи интервју со еден од најсреќните прилепчани.

 

 

Како се случи добивката, на каков начин ги уплати тикетите?

 

Тикетите се уплатени уште од јануари. Два добитни тикети се, едниот е уплатен два пати на 23 јануари, додека другиот е уплатен пет пати на 24 јануари. На крајот останаа последните 5 утакмици од Лигата на шампиони, и сношти последната, за која иако малку се тресев, сепак влезе.

 

Често играте спортска ?

 

Подигрувам малку, се обидувам вака на голема добивка, но на поситно не играм… ако падни, падни.

 

Колку пати имате добиено вака поголема добивка?

 

Лани погодив 25.000 евра, точно ова време беше повторно, за 2 март. Тоа ми е среќен период од годината.

 

 

Какво е чувството, како се чувствуваше кога ги чекаше Севиља-Манчестер?

 

Манчестер и Севиља беа последни, но се трудев да бидам мирен, ова се опасни работи, не се случуваат секој ден. Сега малку сум уморен, истрошен, но има време, ќе се одмараме сега деновиве.

 

Дали имате план?

 

Планови ќе правиме во наредниот период, има доста планови за толку пари. Тоа се чисти 520.000 евра. Инаку бруто се околу 35.000.000 денари, за кои што има околу 50-60.000 евра данок, односно 10%.

 

Дали ќе продолжите да играте?

 

Како и досега, понекогаш ќе правиме. Спортската е интересна работа, еве вака може да се добие. Бев блиску повеќе пати, околу 5-6 пати бев што викаат прилепчани „на дупка“, но ете се погоди.

 

Бидејќи си искусен играч на спортска, кога ќе сумираш колку имаш дадено со твоите добивки, како е резултатот?

 

Па тоа е неспоредливо. Сè што имам дадено, споредено со ова е ништо. Тикетите ги видовте, за 300-400 денари се уплатени сите. Седум тикети, некои беа по 40 денари, некои по 50, некои по 60 денари, скратував по некоја утакмица не тикет, бидејќи не смеат да бидат истите според правилата, бидејќи ако се исти се исплаќа само еден тикет. Се држев до правилата и добив.

 

Често пати вака играш на подолг период?

 

Вака правам нон стоп. Правам едно големо и после намалувам. Почнувам од 20 денари, па наголемувам до 200 денари.

 

Што е твојата желба, како ќе ги искористиш овие пари?

 

Немам уште ништо планирано, немам некоја желба, но со толку пари лесно е сè.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи