Човечки остатоци стари 9.000 години пронајдени во најголемата подводна пештера на светот

Археолозите кои ја истражуваат неодамна откриената најголема подводна пештера на светот во Мексико пронајдоа неколку илјади години стари човечки остатоци во неа, како и коски од животни кои живееле на Земјата во периодот на Ледено доба.

 

Тие веруваат дека пронашле можна врска помеѓу мајанската цивилизација и праисториско општество во пештерскиот систем Сак Актун на полуостровот Јукатан. Пронајдените остатоци можат да им помогнат на археолозите да ја состават историјата на пештерата, која се протега сѐ до плеистоценската ера, меѓу 2,6 милиони и 11.700 години. Се верува дека пештерите биле потопени пред 9.000 години.

 

Археолозите откриваат дека пронашле 248 пештери во подземен систем долг 3476 километри, познат како Сак Актун. Од 200 археолошки локации кои таму биле откриени, околу 140 се од периодот на Маите.

 

 

Стручњаците ги опишаа пештерите како „најзначајно подводно археолошко наоѓалиште на светот“.

 

Некои пештери или отвори имале посебно значење за Маите, чии потомци денеска го населуваат тој регион.

 

Во пештерите се пронајдени човечки остатоци, чија старост се проценува на 9.000 години, потоа керамика, ѕидни гравури, мајански олтари и гробници, како и коски од разни исчезнати животински видови.

 

 

„Ова е неверојатно. Ова, без сомнение, е најзначајното подводно археолошко наоѓалиште на светот. На светот не постои друго наоѓалиште со вакви карактеристики. Тука има импресивно количество на археолошки артефакти и нивото на нивна зачуваност е неверојатно“, изјави истражувачот Гилјермо де Анда.

 

Полуостровот Јукатан изобилува со монументални споменици од Маите, чии градови користеле разгранета мрежа на отвори, шуплини и подземни води.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи