Новиот филм од филмскиот универзум на Marvel настапи доминантно на светскиот боксофис, заработувајќи повеќе од било кој друг филм претходно од оваа франшиза.
„Black Panther“ ја надмина бројката од 200 милиони долари заработка на американскиот боксофис, а во тоа многу му помогна неработниот понеделник кој е дел од продолжениот викенд поради Денот на претседателите.
Овој викенд не беше пријателски расположен за новите филмови чија премиера се случи во четвртокот од минатата недела, освен за „Black Panther“, кој веднаш се покажа како хит кај публиката. Помеѓу филмовите кои ја доживеаја премиерата викендов навидум добро котираше и „Early Man“, кој успеа да се искачи на седмото место на најгледани филмови во САД, но со мала заработка од само 3,18 милиони долари
.
„Black Panther“ би можел дури и да ја надмине заработката на најпрофитабилниот филм на Marvel досега, „Marvel’s The Avengers“, кој заработи 1,5 милијарди долари на глобално ниво.
Целосната листа на филмови со најголема заработка во изминатиот викенд изгледа вака:
- Black Panther – 201 милион долари
- Peter Rabbit -17,6 милиони
- Fifty Shades Freed – 17,3 милиони
- Jumanji: Welcome to the Jungle – 7,9 милиони
- The 15:17 to Paris – 7,6 милиони
- Early Man – 3,1 милиони
- Maze Runner: The Death Cure – 2,6 милиони
- Winchester – 2,1 милиони
- The Post – 2 милиони
- Samson – 1,9 милиони