Американскиот актер Вилијам Дефо од страна на Берлинскиот филмски вестивал е одликуван со награда за животно дело. Статутката „Златна мечка“ на познатиот актер му ја врачи култниот германски режисер Вим Вендерс.
Вилијам Дефо важи за икона на актерската игра повеќе од три децении и ѝ дава душа не секоја улога во која ќе се појави на филмското платно, без разлика дали станува збор за филмови како Platoon, најновиот The Florida Project или, пак, во блокбастери како Spider-Man.
Во чест на Дефо и наградата за животно дело на 68. издание на Берлинскиот фестивал ќе биде прикажана филмска ретроспектива на неговиот актерски опус со филмовите: The Last Temptation of Christ, Antichrist и The Life Aquatic with Steve Zissou.
Многумина критичари се согласни дека улогата на Дефо во филмот The Florida Project може да му го донесе и првиот „Oскар“ во март годинава. Инаку, оваа е трета номинација на актерот за најпрестижната награда во филмскиот свет. Неговата номинација е единствената на „Oскарите“ за филмот на Шон Бејкер чија тематика се маргиниализираните семејства што живеат во мотел во предградието на Дизниленд.