Македонија има најниска просечна плата во регионот

Најголеми плати во регионот земаат Словенците, а најмали Македонците, покажуваат статистичките податоци на земјите од бивша Југославија.

 

 

Во Словенија на крајот на 2017 година просечната нето плата биле 1.062 евра, што е зголемување од 1,7 отсто во однос на претходната година.

 

 

По Словенија е Хрватска, каде според најновите податоци просечната плата изнесува 835 евра.

 

 

Следува Црна Гора, во која, според најновите податоци на црногорскиот Завод за статистика, просечната плата последните месеци од 2017 година изнесувала 512 евра.

 

 

Во Србија пак дека просечната плата во оваа земја на крајот на 2017 година се движела околу 459 евра.

 

 

Најниска просечна плата на Балканот имаат  БиХ и Македонија.

 

Во БиХ просечната плата се движи до 440 евра. Според Државниот завод за статистика на Македонија, пак, просечната плата изнесува 377 евра.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи