Стоби Флипс, брендот број еден во Македонија, се вивна во вселената и го освои и овој простор. Компанијата Витаминка го лансира Стоби Флипс во вселената со цел да го заземе и последниот простор кој остана недопрен од него. Со ова симболично лансирање на нови и далечни простори се одбележува 40-годишнината од почетокот на производството на омилениот македонски бренд.
„Многу генерации пораснаа со Стоби Флипс, а и ние како компанија растевме и се развиваме паралелно со него. Уште од првото појавување се истакна со квалитет и уникатност, што придонесе веднаш да го освои домашниот пазар. Со одржување на високите стандарди во квалитетот, денес Стоби Флипс не само што е број 1 бренд во Македонија, туку е бренд кој можете да го најдете и во продавница во Мароко, во супермаркет во Квинс или во маркет во Париз. Што значи дека на планетата практично и нема простор каде Стоби Флипс не е присутен, а сега стана и првиот македонски бренд којшто ја освои и вселената. Сега навистина можеме да кажеме дека Стоби Флипс го има насекаде и преостанува во иднина да ги одржуваме високите стандарди за квалитетот на овој производ што самите ги поставивме“, изјави Владимир Трпаноски, Комерцијален директор на Витаминка.
Лансирањето на Стоби Флипс во вселената беше организирано од Маркетинг Агенцијата Дивижн. Флипсот беше лансиран на 36 000 метри и целиот пат до орбитата на Земјината топка е регистриран во видео запис. Ова е потфат кој веројатно ќе се памети долго време и секогаш кога ќе се посегне по Стоби Флипс.