Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ не се согласува со зголемување на старосната граница за пензионирање

Facebook
Twitter
Email
Print

Зголемувањето на старосната граница за пензионирање е неприфатлива и штетна мерка од која ќе загубат граѓаните, но и ќе преставува товар за приватниот бизнис, вели Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

 

„Иако тврдиме дека ситуацијата е пресериозна и далеку од розева, од една страна, секојдневно слушаме како владата се фали дека економијата оди добро, од друга страна кога станува збор за пензискиот фонд тврдат дека има недостаток на пари. Вистината е дека оваа влада не умее да менаџира со парите на граѓаните. Пари има почитувани, потребни се капитални инвестиции и сериозен пристап. Постојаната старосна граница за пензионирање е во рамките на просекот на европските земји и целосно одговара на демографските карактеристики“, потенцира Мицкоски и додава:

 

„Очекуваното траење на животниот век во Република Македонија е за околу 5 години пониско во споредба со развиените земји и нема никаква оправданост за зголемување на старосната граница како услов за пензионирање. Кон ова треба да се додадат и се уште релативно лошите услови за работа во повеќе сектори од македонската економија, особено кај  туридоинтензивните дејности кои придонесуваат за забрзано трошење на работната сила. Секако ваквата мерка ќе значи и помали шанси за вработување на младите луѓе, и помала компетитивност на пазарот“.

 

ВМРО-ДПМНЕ, потенцира тој, нема да се согласи со зголемување на старосната граница за пензионирање, чекор кој е израз на неспособност да се менаџира со јавните финансии и тоа никако не треба да се прекрши на грбот на работниците.- Оваа криминална и неспособна мора да замине. Верувајте Македонија има надеж.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи