Бејли со критика за Советот на јавни обвинители, обвини за непотизам и судир на интереси

Facebook
Twitter
Email
Print

Американскиот амбасадор Џес Бејли денеска изјави дека САД и Европа и помогнале на Македонија да излезе од длабока политичка криза. Тој на конференцијата на парламентарните комисии за европски прашања на државите опфатени во процесот за стабилизација и асоцијација на ЈИЕ-КОСАП во Скопје порача и дека за Македонија докрај да ги истурка реформите потребно е поддршката од 75 отсто за влез во ЕУ и НАТО да се преточи во политичка волја.

 

Бејли смета дека владеењето на правото е еден од најголемите предизвици со кои се соочува земјата.

 

„Граѓаните треба да бараат отчетност, транспаретност и информирање од страна на институциите. Тоа значи дека граѓаните треба да одбијат да го свртат погледот на другата страна кога ќе се соочат со прекршување на законите или со корупција, а тоа значи дека не треба да се прифаќаат работите онакви какви што се особено доколку сте соочени со непотизам и слични појави“, рече Бејли.

 

Судовите во Македонија, смета тој, треба да внимаваат на транспаретноста, бидејќи многу често важни судски случаи се обвиткани со некој, како што рече, вел на мистерија и не е ни чудно што граѓаните не им веруваат.

 

„Станува збор за Јавното обвинителство и Советот на обвинители. Член на Советот учествуваше во донесување одлука која што се однесува на член на семејството на друг член на Советот. И тука ми се чини дека станува збор за судир на интереси. Никој не знаеше што точно се случи“, рече амбасадорот Бејли.

 

Советот на јавни обвинители на седницата на 31 јануари ја избра Марија Ѓоргева, внука на претседателот на Советот Коле Штериев, за обвинител во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи