Вајгл: Опозицијата да се вклучи во работата на Парламентот, а власта да обезбеди услови за тоа

Facebook
Twitter
Email
Print

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, во рамките на Конференцијата на парламентарните Комисии за европски прашања и интеграции на државите опфатени во процесот за стабилизација и асоцијација од Југоисточна Европа – КОСАП, што се одржува во Собранието на Република Македонија, а на која што учествуваат и Европратениците Иво Вајгл и Едвард Кукан, истакна дека Владата и парламентарното мнозинство се решени да ги надминат сите отворени прашања кои ја блокираат Македонија кон влезот на Европската унија (ЕУ), а со тоа и дефинитивно да добиеме датум за почеток на преговорите.

 

Притоа тој ги повика пратениците од опозицијата да се вратат во собранието, бидејќи како што изјави, ангажманот на мнозинството и Владата не е доволен за исполнување на реформските процеси, и во тие процеси мора да биде вклучена и опозицијата.

 

Европратеникот Иво Вајгл, кој е известувач за Македонија во ЕП, исто така ја повика опозицијата да се вклучи во работата на Парламентот. Тој потенцираше дека власта и опозицијата мора да работат заедно, но притоа додаде дека Владата и коалицијата на власт мора да има одговорност и да обезбеди услови за опозицијата да се чувствува комотно и активно да и се даде шанса, особено за стратешки прашања.

 

Нагласи дека има големи очекувања од процесот „Жан Моне“, но рече дека тој најверојатно ќе почне во март, но тоа нема да биде Париз. Одлуките и заклучоците ќе се носат во Собранието.

 

Организатор на Конференцијата за владеење на правото во земјите на Западен Балкан е собраниската Комисија за европски прашања, а претседателот на комисијата Артан Груби, ја повика Европската унија да не ја остава Република Македонија и Западен Балкан уште во чекалната, каде, како што рече, дувале источни ветрови.

 

На конференцијата покрај амбасадорите на ЕУ и на САД, Самуел Жбогар и Џес Бејли, учествуваа и европратениците Иво Вајгл, Едвард Кукан, министрите за надворешни работи и за правда Никола Димитров и Билен Салији, и претставници од парламентите од земјите од Западен Балкан.

 

Теми на конференцијата на Косап се европската перспектива и владеењето на правото во земјите од Западен Балкан.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи