ВИДЕО – Во Прилеп одбележани 74 години од смртта на Кузман Јосифоски – Питу

Со положување на свежо цвеќе пред споменикот на Кузман Јосифоски – Питу во центарот на Прилеп денеска се одбележаа 74 години од смртта на овој народен херој. Пред споменикот почит оддадоа делегации на средното општинско училиште „Кузман Јосифоски – Питу“, Општина Прилеп и Сојузот на Борци од Прилеп. В.д. директорката на СОУ „Кузман Јосифоски – Питу“, Билјана Маркоска, истакна дека учениците го поддржуваат ликот и делото Кузман Јосифоски – Питу и ги продолжуваат неговите идеали следејќи современа настава.

 

 

„Денеска се навршуваат 74 години од смртта на народниот херој Кузман Јосифоски – Питу, како и секоја така и оваа година го прославуваме патрониот празниик на нашето училиште. Учениците го поддржуваат ликот и делото Кузман Јосифоски – Питу и ги продолжуваат неговите идеали, следејќи современа настава која овозможува учениците да се оформат во стручњаци од областа на економската, правната и трговската струка. Во оваа прилика особена благодарност сакам да упатам до локалната самоуправа и градоначалникот Иилија Јованоски кој ги поддржува нашите проекти и овозможува да се развиваме во училиште со современи трендови, кое ќе оформи стручни кадри. Во рамките на одбележувањето на патрониот празник училиштето организираше меѓучилишни спортски натпревари, литературно читање за младиите поети и писатели, а одбележувањето го завршуваме со свечена академија со пригодна програма во театарот Војдан Чернодрински“, изјави Билјана Маркоска, в.д. директорка на СОУ „Кузман Јосифоски – Питу“.

 

Претседателот на Сојузот на борци на Општина Прилеп, Круме Соколоски, изјави дека Прилеп треба да се гордее што за свој народен херој го има еден Кузман Јосифоски – Питу.

 

„Општинскиот одбор на Сојуз на борци на Прилеп со посебен респект се однесува кон нашиот сограѓанин народен херој и една од најзначајните личности во организација на НОВ 1941-1945 година. Уште како ученик во прилепската гимназија бил задоен со револуционерни идеи, потоа како студент во Белград, се докажува како револуциионер за слобода на македонскиот народ. Бил раководител на општинскиот комитет во Прилеп, потоа на востанието во Западна Македонија и секретар на обласниот комитет во Тетово, па во Скопје и на крајот станува политички секретар на покраинскииот комитет на комунистиичката партија на Македонија. Тој е еден од основоположниците на АСНОМ, уште во преспанското советување, првите документи кои треба правно да се усвојат на АСНОМ 1944 година се во негово издание. Тој е еден од најзаслужните револуционери и народни херои во текот на НОВ. Прилеп треба да се гордее со личности како Кузман Јосифоски – Питу покрај други народни херои кои беа организатори на востанието“, истакна Круме Соколоски, претседател на организација на борци на Прилеп.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи