Учениците од СОУ „Ѓорче Петров“ од Прилеп со марш се вклучија во кампањата за поддршка на лицата со ретки болести

Во пресрет на 28 февруари, Светскиот ден на лицата со ретки болести и учениците од СОУ „Ѓорче Петров“ од Прилеп се вклучија во глобалниот повик за

за подигање на свеста на луѓето за овие болести, поефикасно вклучување на пациентите со ретки болести во истражувањето и нивна поддршка. Од почетокот од 2008 година на Денот на ретки болести се организираат илјадници настани низ цел свет и се опфатени милиони луѓе.Темата за 2018 година е истражување и се одвива под мотото „Покажи ја својата реткост, покажи дека се грижиш“.

 

„Денес со ученици од здравствената струка се вклучивме во интерактивната кампања со цртање на лицето со бои, со пораки и марш од ЈЗУ „Општа болница“ каде учениците беа на практична настава, до ЦЈЗ и маршот го завршивме во нашето училиште, со цел да ја подигнеме свеста, помошта  и поддршката за лицата со ретки болести кај здравствените професионалци, истражувачи, негователи. На вратата на овие објекти го залепивме и логото од оваа кампања, а во нашето училиште го направивме здравствено воспитното катче каде и останатите ученици ќе се информираат за овие болести. Денес учениците ја покажаа нивната реткост, нивната грижа кои како идни здравствени работници ќе се залагаат за помош, поддршка, информирање и полесна адаптација на овие лица во социјалниот систем затоа што  лицата со ретки болести се соочуваат со огромни предизвици, тие треба да одат кај повеќе доктори кои не можат да постават дијагноза или пак нема третман или достапниот третман е прескап, се соочуваат со нивната изолираност во училишта кои не се адаптирани за нив. Исто така тука е и финансискиот товар на родителите и нивниот стрес“, истакна професорката Петра Лукароска.

 

 

Инаку ретките болести се оние од кои боледуваат мал процент на населението. На секои 2.000 луѓе еден е со ретка болест. Над 300 милиони луѓе во светот се заболени од ретки болести.

 

На светско ниво постојат 6.000 различни видови ретки болести. 5% од постоечките ретки болести немаат соодветна терапија. Ретката болест секогаш тешко се дијагностицира.

 

Првите симптоми се јавуваат веднаш по раѓањето или во првите години. Имаат генетска природа и предизвикуваат тешки оштетувања. Мал е процентот на ретки болести за кои постои лек, но за некои иако е мал тој процент за кои постои лек  сепак некои видови заболувања може да бидат искоренети.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи