Учениците од 2-ро и 3-то одделение од ООУ „Кочо Рацин“ – Прилеп во посета на градежниот факултет во Скопје

Учениците од 2а и 3а оделение од ООУ „Кочо Рацин“ од Прилеп го посетија Градежниот факултет во Скопје, како дел од програмата за стекнување на нови знаења по предметот природни науки. Според наставничката Наташа Мирческа на многуте недоумици, прашања и „научни заклучоци“ на најмладите на тема карпи, сила и триење, било предизвик да се одговори дури и од страна на дел од професоритe и  продеканот Тодорка Самарџиоска, која им овозможила на дечињата научно-истражувачко квалитетно и креативно подучување.

 

„Новата, за нив, предизвикувачка средина, исполнета со реални материјални ресурси овозможи стекнување на квалитетни и трајни знаења кои сигурно ќе претстауваат добар темел за натамошна надградба на потребните знаења од природните науки на најмладите основци. Едукативно – истражувачката посета на Градежниот факултет, се реализира како последица на соработката на училиштето со државните институции,  беше поттикната од страна на родителите, а организирана од Градежниот факултет Скопје“, вели наставничката Мирческа.

 

 

Наставниот час од Градежниот факултет за вторачињата и третачињата  завршил во фабриката „Кнауф“, каде учениците имале можност да се запознаат со дел од асортиманот на градежни материјали, особено со нивниот главен минерал – гипсот и производите од гипс.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи