ВИДЕО – Од наредниот месец прилепчани ќе добиваат повисоки сметки за вода

Иако минимално, од наредниот месец граѓаните на Прилеп ќе добиваат повисоки сметки за вода. Од оваа година цената на водата ја определува Регулаторната комисија и таа доставила три цени до Општина Прилеп за водата за пиење,  минимална, средна и максимална цена. Средната цена била 29,69 денари по метар кубен, а максималната беше 33,3 денари по метар кубен, додека пак минималната била иста како и досегашната 26,92 денари за метар кубен. На денешната седница Советот на Општина Прилеп одлучи да ја прифати минималната цена, односно цената на водата за пиење да остане иста како и досега 26,92 денари. Но цената пак на урбаните отпадни води, која исто така влегува во сметките кои ги доставува ЈКП „Водовод и Канализација“, од 3 денари по метар кубен се зголеми на 5.8 денари, со што практично граѓаните добиваат и повисоки сметки.

 

 

Градоначалникот Илија Јованоски пак смета дека со тоа што Советот не ја прифатил највисоката или средната предложена цена на водата од Регулаторната комисија туку ја прифатил најниската цена, водата да чини исто како и досега, со тоа се исполнило неговото предизборно ветување дека за 20% ќе ја намали цената на водата.

 

Ова тврдење ВМРО-ДПМНЕ го нарече манипулација на граѓаните, нивно лажење и неисполнување на предизборните ветувања кои Јованоски ги дал пред прилепчани. Според ВМРО-ДПМНЕ нема никакво намалување на цената на водата, туку напротиив зголемување на сметките.

 

„Денес Управниот одбор на ЈКП „Водовод и канализација“ донесе одлука за одредување на цената на пречистителна отпадна вода, отпадна вода и вода за пиење. Најголемо вниимание предизвика цената на водата по метар кубен. За прв пат Регулаторната комисија на Македонија имаше предлог за одредување на цената на водата. Се одреди минимална, средна и максимална цена на водата која треба да ја користат граѓаните на Општина Прилеп. Средната цена беше 29,69 денари по метар кубен, а максималната беше 33,3 денари по метар кубен. Сакам да напоменам дека досега цената на водата беше 26,92 денари за метар кубен. На предлог на Управниот одбор на ЈКП „Водовод и канализација“ кој достави до Советот на Општина Прилеп, Советот донесе одлука да се одбере минималната предложена цена на водата за метар кубен, односно цената на водата да не се промени, да остане иста како и досега. Со тоа отприлика се оствари она мое ветување во предизборната кампања дека ќе имаме пониска цена на вода затоа што водата за пиење не се покачи за 20% како што предложиРегулаторната комисија. Сметките за вода ќе бидат покачени не бидејќи ќе се покачи цената на водата туку затоа што ќе се зголеми цената на отпадната вода која досега беше 3 денари по метар кубен, Регулаторната комисија даде предлог тоа да биде средна врредност од 5,85 денари по метар кубен, а највиисоката вредност 7,7 денари. Советот донесе одлука цената на отпадната вода да биде, 5,28 денари по метар кубен. Тоа зголемување кое го предложи Регулаторната комисија од највисоките 7,7 денари и средната вредност од 5,85 денари, Совет донесе уште пониска вредност од средната 5,28 денари метар кубен отпадна вода“, изјави Илиија Јованоски, градоначалник на Прилеп.

 

Според директорот на ЈКП „Водовод и канализација“, Емил Јанески сега согласно западните методологии Регулаторната комисија го определувала вкупниот приход на јавните комунални претпријатија. Со тој приход требало да се покријат оперативните трошоци на претпријатиијата, средствата за амортизација, инвестиции, развој и слично.

 

„За прв пат Регулаторната комисија ја определува цената за да обезбеди финансиска ликвидност на јавните претпријатија. Таа ја дава просечната тарифа врз основа на која по соодветна тарифа се пресметува средната цена на водата за физички и правни лица. Врз основа на тоа јавното претпријатие има можност во еден законски опсег, кој за оваа година изнесува 12,61 или 12,16 не ме држете за збор, да ја зголеми или намали просечната тарифа за водните услуги. На инсистирање на градоначалникот ЈКП „Водовод и Канализација“ во целост ќе се потруди да ги намали целокупните трошоци, особено оперативните трошоци и со тоа просечната цена на водата да ја намали за 12,61%. Значи цената на водата останува 26,92 денари ама споредбено со цената на водата што требаше да ја имаме по решението на Регулаторната комисија цената на водата требаше да биди 29,69 денари по метар кубен. Значи споредбено со цената на вода која требаше да ја имаме за 2018 година, цената на водата реално поефтинува, а споредбено со годините наназад останува иста, но во минатото Регулаторна комисија не ги утврдуваше цените на водните услуги. Урбаните отпадни води нивната кубикажа исто така оди по методологија, кубикажата која што ја трошат за вода не се пресметува, односно не влегува цената целосната кубикажа, таа по методологиија е некаде 70 или 80%. Односно ако едно семејство троши 15 кубици вода ЈКП „Водовод и Канализација“ фактурира за отпадни урбани води околу 10 кубици. Со зголемување од околу 2 денари тоа е 20 денари на сметка. Сега нема да одиме со загуба туку ќе работиме подомаќински и поекономично. И за оваа и за наредните години цената на водата ќе биде минималнамата онаа која што по закон мора да се испочитува“, истакна Јанески.

 

Споре него Советот денеска ја изгласа цената на урбаната отпадна вода и немало да има нејзино поскапување во наредните години, а минималната цена на водата за пиење за наредната година била 26,9 денари за метар кубен. Тој вети дека претпријатието иако со ниски цени ќе работи домаќински и без проблеми.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи