Граѓаните протестираат за одбрана на името Македонија

Facebook
Twitter
Email
Print

Започна протестот во Скопје организиран од патриотското здружение „Тврдокорни“ и „Македонски Обединети Сили“, на кој неколку илјади граѓани протестираат за одбрана на името „Македонија“.

 

Повеќето учесници на протестот носат македонски знамиња, пеат патриотски песни и извикуваат „Македонија“. Оние кои излегле на протестот велат дека името не е на продажба, дека народот за тоа не е прашан, но и дека оној кој ќе го смени името брзо ќе си оди од власт.

 

Протестот против промена на името на државата и идентитетот на нацијата започна вечерва пред Мисијата на Европската унија, а потоа граѓаните се упатија кон Собранието на Македонија.

 

Демонстрантите бараат крај на преговорите за името, повлекување на Законот за употреба на јазиците, повлекување на договорот за добрососедство со Бугарија и ослободување на притворените за настаните од 27 април во Собранието.

 

Тие велат дека доколку Владата не ги прифати барањата, ќе бараат самораспуштање на Собранието и одржување вонредни парламентарни избори.

 

Протестот е поддржан од Светскиот Македонски Конгрес, Движењето “СУМ“ Сите за унитарна Македонија, Сојузот на здруженијата на Македонците од Егејскиот дел на Македонија МАКЕДОН, Сојузот на Македонците со исламска религија, Македонски манифест, здруженијата на бранителите и македонските патриотски здруженија.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи