Заев: Предлозите за името се Северна, Горна, Вардарска и (Скопје)

Facebook
Twitter
Email
Print

Република Северна Македонија, Република Горна Македонија, Република Вардарска Македонија, Република Македонија (Скопје) се четирите предлози за промена на нашето Уставно име, кои Зоран Заев и ги доставил на Грција.

 

Ова го изјави лично премиерот во неговата денешна изјава за новинската агенција „Ројтерс“ во Лондон.

 

Запрашан дали Грција би била задоволна со едно од овие опции тој рече:

 

Да… Има предлози кои им се допаѓаат и некој кои не се толку примамливи (во врска со прашањето за името).

 

Тој изјавил дека прашањето кое што останало нерешено е дали постои „вистинска потреба“ да се смени Уставот на државата. Промената на Уставот е по барање на Грција, кои Грците го упатиле во последните неколку месеци, пишува „Ројстерс“.

 

Заев е убеден дека доколку со решението во спорот се зачува достоинството на граѓаните, тие ќе го поддржат тоа решение на референдум.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи