Средба на францускиот амбасадор со градоначалникот Јованоски и неколку прилепски компании

Амбасадорот на Франција во Македонија, Кристијан Тимоние, денеска ја посети Општина Прилеп каде оствари средба со градоначалниикот Јованоски, а ги посетии и фирмите „Микросам“ и конфекцијата „Кули“. Ова е прва официјална посета на Тимоние на Општина Прилеп.

 

 

„Посебно ја ценам поддршката што ми ја кажа господинот градоначалник за унапредување уште повеќе на франкофонијата во овој град. Таа поддршка навистина ќе биде уште поефективна, не само во образовната, туку и во економската област. Македонската Влада е расположена за зајакнување на односите на економски и трговски план со Франција, а Прилеп поради својата динамика треба да си го најде заслуженото место во тие продлабочени и унапредени односи. Причината поради која јас допатував со нашиот аташе на одбрана е токму посетата на повеќе претпријатија и мислам дека ни претстои блескава иднина за нашите севкупни односи. Сакам да ви кажам дека оваа година е 100 годишнината од Првата светска војна, кога нели се организираат голем број на претстави, но сега навистина посакуваме да градиме, не Европа на војна, туку да ја изградиме таа Европа на мирот, која што сакаме да ја изградиме со вас, но и со вашите соседи.  Навистина ја даваме целокупната наша поддршка во пронаоѓањето на разумни компромиси“, истакна Тимоние.

 

На средбата со градоначалникот Јованоски се разговарало и за изнаоѓање некакво решение за прилепскиот загубатр „Еурокомпозит“.

 

„Од пред неколку години познати се тешкотиите со кои што се соочува тоа препријатие, станува збор навистина за препријатие со огромна традиција, но и претпријатие кое што произведува муниција. Една од ретките фабрики во Европа кои што произведуваат муниција и кои што се обидуваат да најдат потенцијални партнери. Се разбира дека и на економски и на индустриски план станува збор за една значајна работа, меѓутоа треба самите индустријалци и стопанственици да си најдат заеднички јазик за интерес за соработка, но она што можам јас да го кажам е дека ние навистина ќе направиме сè, за добро да ги информираме и француските индустријалци и француските бизнисмени дека пости навистина можеби потенцијален интерес за инвестирање во оваа фабрика, но за да се постигне тоа, тие прво мора бидат добро информирани. Инаку знаете дека тоа им го оставаме на самите фирми од двете држави да си го водат и сепак да се обидеме да ја зачуваме деловната тајна, како што се вели“, додаде Тимоние.

 

Градоначалникот Јованоски изјави дека се надева овие средби во иднина да ја продлабочат соработката помеѓу двете држави, Република Македонија и Република Франција, ќе продолжи и понатаму.

 

„Во исто време разговаравме и за Еурокомпозит, како симбол на нашиот град за стечај, а во смисла на подобрување на работата на таа компанија, пред сè на откупување на некоја компанија од република Франција. Се надеваме дека овие средби денес што ќе ги оствари амбасадорот со овие наши компании ќе вроди со плод и јас се надевам дека соработката помеѓу двете држави, Република Македонија и Република Франција, ќе продолжи и понатаму. Исто така разговаравме и за други теми, за еден проект кој што мислиме да го направиме заедно со една наша невладина организација, од нашиот град, која што има смисла за туризмот во нашиот град, особено за делот во Мариово, каде што сакаме да направиме заедно со француската амбасада еден проект, туристички, како водич, за оној пат кој што го оделе борците од Франција од Првата светска војна. Мислам дека тој проект ќе вроди со плод и мислам дека во иднина ќе го направиме заедно“, истакна Јованоски.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи