ВИДЕО : ВМРО-ДПМНЕ – Јованоски ги излажа прилепчани, ниту ја намали цената на водата, ниту неговиот збор е збор

Вчера Советот на Општина Прилеп, т.е. советниците на мнозинството ја изгласаа лагата на градоначалникот Илија Јованоски. Лагата на која укажуваше ВМРО-ДПМНЕ, СДС ја преточи во реалност. Истакнаа денеска на прес конференција од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

 

„Тој на граѓаните на Прилеп пред изборите ни вети за 20% пониски сметки за вода. Но, со вчерашната одлука граѓаните ќе плаќаат повисоки сметки за вода веќе од наредниот месец.

 

Со ова на дело се потврдува лицемерието на СДС и градоначалникот Јованоски кој си дозволи да ги излаже прилепчани и да си поигра со нив, едно ветувајќи пред избори, а сега кога треба да работи во интерес на прилепчани носи сосема други решенија. Ниту го исполни ветеното намалување на цената на водата, ниту зборот е збор, како што тој милува да кажи.

 

Што вчера изгласаа советниците на СДС?

 

Цената на водата за пиење оваа година останува иста, а за 2019 е зголемена за 2% и за 2020 1.8%. Но цената на урбаните отпадни води е зголемена од 3 на 5.28 денари што е зголемување за 76%.

 

Цената на водата ја оставаат иста, а ја зголемуваат цената за канализација. Целокупната сметка ќе биде , повторувам значително повисока буквално за секое смејство. Ова е крајно несериозно да лажиш и да ветиш нешто за кое пред време знаеш дека ќе е лага, односно не можеш да го оствариш, а со цел добивање на гласови.

 

Граѓаните уште следниот месец ќе ја добијат лагата на Јованоски во своите домови и ќе ја препознаат оваа шарлатантска политика на СДС!“, рекоа од О.К. на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи