Тесла бил опседнат со бројот 3 и мразел луѓе со прекумерна тежина : пет интересни факти за генијалецот

Никола Тесла е роден во 1856 година, и отсекогаш бил уникатна и енигматична историска фигура. Неговиот придонес за науката долго време бил потценуван, но денес неговата работа е конечно признаена како фасцинантна и неопходна за животот кој го живееме.

 

 

Еве пет интересни факти од неговиот интригантен личен живот :

 

 

 

  1. Тесла бил роден за време на бура со силни молњи

 

Никола Тесла е роден околу полноќ, ноќта помеѓу 9 и 10 јули, 1856 година, за време на бура со силни молњи. Според една семејна легенда, за време на породувањето, бабицата почнала да се моли затоа што мислела дека молњите се лош знак. Таа рекла дека тој ќе биде дете на темнината, на што неговата мајка одговорила: „Не, тој ќе биде дете на светлината”.

 

 

  1. Тесла верувал дека бракот ќе му ги уништи научните способности

 

Тесла бил привлечен маж. Со речиси 190 центиметри висина и тежина околу 65 килограми, тој бил слаб маж со темни и убави очи. Тесла, исто така имал добар вкус на облекување и бил многу популарен во социјалните кругови кога не бил во целост фокусиран на работата.

 

Не само што имал многу познати пријатели како Марк Твејн, туку исто така го привлекувал вниманието и на жените, од кои многу признале дека се лудо вљубени во него. Голем дел од љубовниот живот на Тесла е мистерија, но се знае дека тој никогаш не се оженил.

 

Во својата младост, Тесла верувал дека жените се посупериорни во однос на мажите и дека тој не заслужува да има жена.

 

Подоцна во животот, неговото мислење почнало да се менува и тој мислел дека жените пробуваат да ги надминат мажите и да бидат подоминантни. Тој изјавил дека нежните жени кои толку ги почитувал се претвориле во некој кој мисли дека успехот лежи во тоа да изгледа како маж.

 

Верувал дека жртвата која ја направил со тоа што не се оженил е многу голема, но никогаш немал врски затоа што ја наоѓал потребната стимулација во својата работа.

 

 

 

 

 

 

  1. Тесла отворено ја изразувал својата аверзија кон луѓето со прекумерна тежина

 

Никола Тесла не бил секогаш љубезен. Понекогаш бил многу груб со неговите мислења за другите луѓе. Кога работел, тој целосно се оддалечувал од луѓето, но кога бил активно вклучен во социјалните случувања, луѓето го опишувале како искрен и префинет џентлмен.

 

Многу често го критикувал изборот на облека на другите луѓе и ги враќал неговите вработени да се пресоблечат. Неговата одбивност кон луѓето со прекумерна тежина секогаш најотворено ја покажувал, како во случајот кога ја отпуштил неговата секретарка поради нејзината тежина.

 

 

  1. Мразел бисери и многу се грижел за неговиот стил

 

Тесла не можел да поднесе да види бисери на вратот на жена во негово друштво. Тој ги мразел бисерите до таа мера што воопшто не разговарал со жени што ги носеле.

 

Кога еднаш неговата секретарка носела бисери, тој ја испратил дома. Никој не знае зошто точно толку мразел бисери.

 

Познат е фактот дека имал посебен стил. Тесла верувал дека доколку сакате да бидете успешни, треба да изгледате како некој што е успешен. Носел бели ракавици и бил горд на неговиот изглед.

 

 

 

  1. Имал фотографска меморија и страдал од опсесивно-компулсивно нарушување

 

 

Тесла имал фотографска меморија. Тој можел да запомни цела книга или детали од слики откако еднаш ќе ги погледне. Оваа способност многу му помогнала во неговите иновации.

 

Исто така, тој имал моќна имагинација и способност да ги визуелизира работите во 3D димензија, со која што успевал да ги контролира страшните кошмари кои ги имал како дете.

 

Тоа е само дел од она што го прави толку мистичен и ексцентричен карактер во денешната популарна култура.

 

Тесла верувал дека му се доволни само два часа сон навечер, иако понекогаш спиел и попладне.

 

Не можел да поднесе да допре влакно од коса, бил опседнат со бројот 3, го чистел секој дел од трпезаријата пред да вечера, секогаш користел 18 марамчиња за полирање на предметите кои ги чистел и премногу се грижел дека насекаде има бактерии, поради што се верува дека страдал од опсесивно-компулсивно нарушување.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи