„Сите заедно во борба против кардиоваскуларните заболувања“ – ова беше мотото на денешната акција спроведена во просториите на СОУ „Ѓорче Петров“ во Прилеп во соработка со клубот РОТАРАКТ клубот од овој град.
„Учениците од III -2 клас здравствената струка – медицинска сестра под менторство на стручните наставници Ленче Д. Јованоска и Наташа Ванчева мереа крвен притисок, шеќер во крвта и делеа брошури со здравствено воспитен карактер. Упатуваме посебна благодарност до младите од РОТАРАКТ клубот – Прилеп за нивната донација од три апарати за крвен притисок и еден апарат за мерење на шеќер во крвта. Благодарност и до директорот Страшо Ѓорѓиески за неговата поддршка“, соопштија од СОУ Ѓорче Петров – Прилеп.