Американски носач на авиони од Втора светска војна најден по 76 години

Ко-основачот на Мајкрософт и ловецот на исчезнатите потонати бродови ги пронајде остатоците на американскиот носач на авиони кој бил потопен за време на Втората светска војна.

 

Остатоците од американскиот носач на авиони се пронајдени во близина на брегот на Австралија. “USS Lexington” е лоциран на длабочина на околу три километри во Коралното море, на 800 километри од источниот брег на Австралија.

 

 

Американската морнарица потврди дека бродот бил откриен од компанијата “Vulcan” која што е во сопственост на ко-основачот на Мајкрософт, Пол Ален, кој што исто така неодамна го пронајде и крстосувачот “Indianapolis” кој што беше најпознат по тоа што ја пренесувал атомската бомба која што подоцна била фрлена на Хирошима.

 

Адиралот Хари Херис, командант на американската Пацифичка команда, го поздрави откритието:

 

„Како син на преживеан член на “USS Lexington”, му ги упатувам моите честитки на Пол Ален и членовите на експедицијата кои го лоцираа Lady Lex“.

 

 

Покрај “USS Lexington”, пронајдени се и 11 од вкупно 35 авиони кои што биле на бродот.

 

 

Битката на Коралното море која што траела од 4-ти до 8-ми мај 1942-ра година се смета за клучен момент во сопирањето на јапонското напредување низ Тихиот океан за време на Втората светска војна. Американците сами го потопиле “USS Lexington” откако бил погоден од неколку јапонски торпеда и бомби за време на битките. Загинале 216 членови на екипажот, а над 2000 биле спасени.

 

„USS Lexington беше на нашата листа со приоритети затоа што стануваше збор за еден од капиталните бродови загубени за време на Втората светска војна“, изјави портпаролот на “Vulcan”, Роберт Крафт кој откри дека биле потребни шест месеци планирање за бродот да биде лоциран.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien