Египет и Саудиска Арабија градат заеднички мегаград со десет милијарди долари

Египет и Саудиска Арабија основаа заеднички фонд од десет милијаради долари за изградба на мегаград на илјада квадратни километри во Јужен Синај.

 

Договорот беше постигнат по средбата меѓу египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси и саудискиот престолонаследник принцот Мохамед бин Салман, кој се наоѓа во официјална посета на Египет.

 

По превратот со кој Муслиманското братство беше тргнато од власт, Египет и Саудиска Арабија ги зајакнаа меѓусебните врски, а последниот договор за заедничко инвестирање е само потврда на подобрените меѓудржавни релации.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи