Претседателот на Антикорупциска поднесе оставка

Facebook
Twitter
Email
Print

Претседателот на Антикорупциската комисија, Игор Тантуровски, поднел оставка од својата фунцкија, од здравствени и семејни причини. И покрај тоа што изминативе денови тврдеше дека не чувствува одговорност, Тантуровски не го издржа притисокот од јавноста.

 

Тој ја поднел оставката до Собранието и тој е втор член на Антикорупциската комисија кој се одлучи на ваков чекор, по вчерашната оставка на членот и поранешен претседател на Комисијата, Горан Миленков.

 

Оставките следуваат неколку дена по извештај од внатрешната ревизија во Комисијата која покажа дека дел од членовите фалсификувале патни налози за да земат повисоки суми за патни трошоци и ненаменски трошеле буџетски средства.

 

Тантуровски, по објавувањето на извештајот, тврдеше дека станува збор за политичка хајка против него и одбиваше да се повлече од функцијата.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи