Антикорупциска да биде составена од независни професионалци и експерти

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев смета дека Државната комисија за спречување на корупцијата треба да е составена од независни професионалци и експерти, бидејќи станува за една од најсериозните корективи на извршната власт и еден од главните органи кој се бори против корупцијата.

 

„Прашањето за докомплетирање на составот за Антикорупциската комисија е на Собранието, а јас од тоа што го прочитав од медиумите знам дека неколку луѓе поднеле оставка и познато е дека се подготвуваат измени и дополнување на Законот. Мене ми е важно да има апсолутно експертска, независна и професионална комисија“, изјави Заев одговарајќи на новинарско прашање по завршување на денешното судење за „Поткуп“.

 

Премиерот посочи дека неделава планира да почне разговори за зголемување на парламентарното мнозинство.

 

„Планирам да разговарам со партиите кои имаат пратеници во Собранието, а досега не се дел од парламентарното мнозинство. Како ќе течат преговорите веднаш преку медиумите ќе и соопштувам на јавноста“, потенцира Заев.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien