Дизелот поевтинува за половина денар, цената на бензините останува иста

Од ноќеска на полноќ дизелот поевтинува за половина денар, а цената на бензините останува истаодлучи Регулаторна комисија за енергетика.

 

Цените на „еуросупер БС-95“ и „еуросупер БС-98“ остануваат 65,5 денари, односно 67,5 денари за литар.

 

Нова цена на дизелот ќе изнесува 57,5 денари за литар, додека на екстра лесното масло за домаќинство 46 денари.

 

Според Комисијата, се намалува и малопродажната цена на мазутот, за 0,473 денари за килограм и изнесува 27,636 денари.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien