Синоќа до темел изгоре викендицата на претседателот на О.К. на ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп, Петар Ристески која која се наоѓа во месноста Кула во близина на селото Волково. Пожарот кој се случил околу 22.30 часот во противпожарната служба го пријавил некој од сопствениците на околните виикендички кој го забелжела објектот како гори. Ристески се сомневал на тоа дека пожарот бил подметнат од политички причини, бидејќи, а поткрепа на тоа му давало и што во објектот немало ниту струја, ниту други плински или грејни уреди.
„Немам непријатели, никој не ми се заканил, неможам да го посочам прстот во никого, единствено што ми паѓа на памет во овој момент е дека е политичко мотивирано, на некого очигледно му смета Петар Ристески, неговиот политички ангажман, неговата политичка активност. И навистина во овие моменти повикуван на разум бидејќи работите одат некако предалеку. На оваа хунта која моментално е на власт ништо не и е свето, ниту фамилијарните ниту традиционалните вредности кога некој се осмелил и одлучил во вфаков објект и ваква средина да подметнува пожари и да правии ваквии работи. Аргумент плус е и тоа што во два навррати претходно мојата куќа беше цел на на напади, во моментите кога СДСМ објави дека формира Влада, вечерта мојата куќа беше нападната од хулигании, припадници, членови на СДСМ. Истото се случи и вечерта после локалните избори на 15 октомври вечерта. Полицијата беше известена, оштетена беше и портата на куќата, до денес нииту некој ме повикал да дадам изјава, ни ми било досега одговорено на моите пораки и прашања“, изјави Петар Ристески, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.
Ристески истакна дека очекува надлежните да го расчистат случајот во најбрз можен рок.