ВИДЕО – Завршен настан на проектот „Учиме заедно“

На 29-ти Март во Кино салата МИС ТОН Прилеп се одржа завршниот настан како дел од проектните активности во рамките на проектот „Учиме Заедно“ кој го имплементира Локална Акциона Група АГРО ЛИДЕР, со поддршка од Европска Комисија и Мировна Акција, Прилеп.

 

 

На настанот учениците од основните училишта ООУ Добре Јованоски – Прилеп, ООУ „Кирил и Методиј“ – Канатларци, ООУ „Ѓорче Петров“ с.Ропотово, Општина Долнени и ООУ „Ќемал Исмаили“ с. Црнилиште, Општина Долнени, под менторство на нивните наставници се претставија со танци и ора, оркестар и кратки претстави кои го отсликуваат мултикултурното образование, различните традици и култури и погледите на разлноликоста како основа за еднаквост. На крајот на настанот сите ученици заедно се претставија со заедничка кореографија.

 

„Проектот „Учиме Заедно“ сака да ја покаже силата на заедничка соработка преку учење и игра, детската дружба,  нивното почитување. Како дел од активностите на овој проект заедно цртавме, боевме, креиравме фотографии и видеа на тема на мултикултурно образование, заедно споделувавме мисли како ние ги доживуваме различностите, заедно направивме изложба достапна за сите да можат да ги осознаат нашите погледи и ставови на оваа тема, и заедно го подготвивме завршниот настан за да покажеме како преку заеднички активности и дружење се градат мостови на соживот и пријателство“, велат од Локална Акциона Група АГРО ЛИДЕР.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien