Предвелигденски хуманитарен концерт на хорските ансамбли на црквата Света Петка

По повод претстојниот празник Велигден на 4 април 2018 година во црквата Света Петка во населбата Точила хорските ансамбли на црквата Света Петка, хорот „Света Петка“ и хорот „Свето Благовештение“ ќе одржат хуманитарен концерт насловен како „Предвелигденски хуманитарен концерт на Православна духовна музика со Хорските ансамбли на Света Петка“.

 

„Во самата црква или пред неа, ќе бидат поставени два штандови каде ќе може да се купи ДВД со музика од Хор СВ.Петка, како и книга за изградбата на храмот. Сите средства од донациите и продажбата по симболични цени на споменатите артикли, ќе бидат донирани во хуманитарната акција“, вели диригентот на хорските ансамбли   м-р Гоце Секулоски.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien