ВИДЕО – Советот на Општина Прилеп донесе одлука за изградба на регионална депонија

На денешната 12-та редовна седница Советот на Општина Прилеп донесе одлука за изграда на регионална депониија која ќе ја финансира Владата на Р. Македонија. Според изјавата на претседателот на Советот, Миле Талевски, оваа депонија, ќе се градела во Општина Могила.

 

 

„Проектот е финансиран од Владата на Република Македонија. Со оглед на тоа дека Владата направила проценка дека општинските пари, кои се во надлежност на локалната самоуправа треба да се имплементираат во капитални проекти кои ние како општина ќе ги предложиме во понатамошното функционирање. Но сепак ова е проект каде што Владата не заштедува од такво инвестирање, таа ги презема сите обврски да ги реализира овие капитални проекти, кои се проценети на голема сума на средства, така да благодарение на Владата на Република Македонија, го релаксираме буџетот во однос на реализација на овој капитален објект, кој е од суштинско значење за заштита на здравјето на граѓаните на Општина Прилеп и заштита на животната средина, со оглед на тоа дека имаме една неповолна ситуација во делот на реализација односно менаџирање со овие депонии. Објектот најверојатно ќе биде во Могила или Новаци, мислам дека е утврдено да биде во Могила. Тоа го изјави и директорот на јавното комунално претпријатие. Тука се направени неколку анализи од Министерството за животна средина во делот на транспорт на отпадот итн. и тоа е со една цел да излезиме во пресрет, бидејќи тоа е наложено од ЕУ и примери за реализација на овој капитален е објект се земени од искуствата што ги има во ЕУ со менаџирање на комуналниот отпад , односно менаџирање со регионалните депонии“, изјави Миле Талевски, претседател на Совет на Општина Прилеп.

 

Според Талевски регионалните депонии биле единствен начин да се заштити животната средина и да се заштити здравјето на граѓаните.

 

Опозицијата гласаше воздржано бидејќи немала доволно податоци за тоа каде ќе се гради депонијата и колкав ќе биде бенефитот од тоа за Прилеп. Побараа ова да им биде образложено од Министерството за заштита на животната средина наредната недела, но сепак мнозинството ја изгласа одлуката.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien