Шест години затвор за Бобан Илиќ во „случајот Алмир“

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Основниот суд Куманово денеска на првообвинетиот Бобан Илиќ во „случајот Алмир“ му одреди казна затвор од шест години за сторено кривично дело тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, а на казни затвор од 6 до 9 месеци таткото, чичкото и бартучедот на прегазениот Алмир, за насилство.

 

Пресудата ја соопшти судијката Маја Денковска, која објави дека советот ги имал во вид и отежителните и олеснителни околности и оценил дека санкцијата која му е изречена на Бобан Илиќ одговара на утврдената вина.

 

Четиригодишниот Алмир Алиу беше прегазен со автомобил на 25 јуни 2016 година по банална расправија за ред во Здравствениот дом во Куманово, која прераснала во физичка пресметка меѓу таткото на детето и Бобан Илиќ. Во обид да избега, Илиќ со својот автомобил го згази детето.

 

Во минатиот месец беа организирани и протести против преквалификацијата на делото во случајот. Илиќ прво беше обвинет за убиство, но обвинението потоа беше променето во тешко кривично дело против безбедноста во сообраќајот.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи