Променливо време најавуваат метеоролозите за велигденскиот продолжен викенд кој не чека на крајот на оваа недела.
Веќе во петок доаѓа посвежо време. Температурите ќе се спуштат под 15 степени, а цел ден се очекува да биде дождлив.
Во сабота настапува разведрување и раст на температурите. Повремено ќе има облачност, а температурите ќе се движат нешто под 20 степени.
Во недела времето ќе биде ведро, а температурите ќе се искачат над 20 степени.
Слично време ќе имаме цела наредна недела до почетокот на викендот кога постепено ќе следи наоблачување.