„Од децата за децата“ – хуманитарна акција на Детската Амбасада за Сите Деца во Светот

Денес пред големиот Христијански празник – Велигден, Детската Амбасада за Сите Деца во Светот го реализира традицоналниот Проект „Од децата за децата“, кој што е во координација со седумте Основни Општински Училишта од Прилеп.

 

„Овој проект се спроведува од самото основање на Детската Амбасада, а целта е да се разбуди духот на јасен придонес на секој ученик во градењето на хуманистичкото општество. При тоа децата донираа средства (пари, храна, облека, играчка или материјал за лична хигиена) за деца, но и за возрасни. При секоја донација учениците напишаа и своја порака за овие деца по повод престојните Велигденски празници, со надеж дека ќе придонесат достојно да се поминат истите. Во оваа акција беа собрани парични средства за помош на лекување на ученик од ООУ „Рампо Левката“ од Прилеп, како и беа уплатени средства за повторно вклучување на струја на едно социјално семејство од населба Точила. Со оваа акција беа опфатени десет фамилии на кои им беше неопходна оваа помош“, велат од на Детската Амбасада за Сите Деца во Светот.

 

Овај проект покрај донациите од Основните Општински Училишта, го помогнаа и пријателите на децата, Дисконт за маслинки „Иво“ од Прилеп и Живинарска фарма „Јоки комерц“ од с.Долнени, кои веќе неколку години даваат свој придонес во градењето на хуманистичкото општество.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи