ВИДЕО – Крушево планира да стане дестинација за 4 сезони

Крушево дестинација за 4 сезони, ова беше мотото на работната средба помеѓу директорот на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот и крушевските угостители. Во 2018 година ќе се вложеле повеќе средства за промоција на Крушево, но сепак и самите угостители требало да придонесат за поголем развој на туризмот.

 

 

„Туристичкиот сектор во Крушево треба се повеќе и повеќе да ја плаќа својата туристичка такса бидејќи на таков начин му овозможува на самата Општина Крушево поголем развој во сегментот на туризмот. Би споменал и тоа дека 80 % од вкупната туристичка такса влегува во Општинската каса“, истакна Љупчо Јаневски, директор на Агенцијата за промоциоја и поддршка на туризмот.

 

„Крушево има огромно гостопримство од страна на локалните угостители и оние давачи на услуги како што се приватните смештаи кои се околу 1.000 до 1.200 легла. А веќе ја подобруваме сликата на јавната чистота и јавната свест“, изјави Томе Христоски, градоначалник на Општина Крушево.

 

Во тек било креирање и на нова интерент страница за промоција на Крушево, каде секој угостител сам ќе си ја уредува својата содржина на страницата, а преку неа за прв пат ќе можело да се резервираат соби и да се промовираат настаните во градот.

 

„Често пати се судираме со проблемот да гостин дојде во лето и незнае што да правии тука, а во Крушево се случуваат 4-5 мини настани кои најчесто се познати само на кругот на оној кој ги организира“, рече Филип Ристески, менаџер на х. Монтана.

 

Угостителите пак бараат повеќе инвестиции од држават за привлекување на повеќе туристи.

 

„Патиштата по кои доаѓаат да бидат солидни, патиштата до слетиштата кај параглајдеристите да се средат, патиштата до историските знаменитости во градот, градот да биде чист не само во центарот туку и целиот град“, вели Мери Чавкароска, угостител.

 

Инаку со 500.000 грант од ЕУ, Крушево годиинава ќе гради вештачка карпа за болдеринг, ќе се одржи светски куп во параглајдерство, промоција на планинските велосипедски патеки долги 40 км и други активности за развој на туризмот.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи