Вооружен инцидент во Мала Речица, убиен член на ДУИ

Facebook
Twitter
Email
Print

Во вооружениот инцидент што се случи во тетовското село Мала Речица убиен е Неип Реџепи од огранокот на ДУИ во Куманово, а досега се приведени четири лица кои учествувале во престрелката.

Меѓу повредените лица, според очевидци, е и братот на Неип, Сабри Реџепи, кој, наводно, се здобил со лесна повреда на ногата. Основното јавно обвинителство Тетово соопшти дека во Мала Речица, во меѓусебна престрелка меѓу две групи животот го загуби едно лице, а неколкумина се повредени.

Демократската унија за интеграција во соопштение до медиумите синоќа ги демантираше информациите дека во седиштето во Mала Rечица имало пресметка или инцидент. Jа демантираме секоја информација во врска со тоа дека во ДУИ имало пресметка или инцидент. Ние како политички субјект немаме и не може да имаме одговорност за инцидентетите кои немаат врска со ДУИ и за ДУИ, се вели во соопштението од партијата.

 

МВР се очекува денеска на прес-конференција да соопшти повеќе детали во врска со инцидентот.

 

Престрелката почнала во вчера околу18 часот и 20 минути кога возило Ауди со кумановски таблички му го препречило патот на друго возило по што две лица од првото возило почнале вербална расправија и дошло до престрелка.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи