ВИДЕО – Одбележан Денот на артилерискиот баталјон во Прилеп

Во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп денеска свечено беше одбележан 10 април – Денот на артилерискиот баталјон. Овој датум е определен со указ од страна на Претседателот на Р. Македонија, бидејќи во 1992 година, на денешен ден, токму во оваа касарна е формиранa првата артилериска единица во независна и самостојна Македонија. Артилерискиот баталјон е дел од Првата механизирана пешадиска бригада. На свеченоста беше потенцирано дека артилеријата е еден од главните столбови на АРМ.

 

 

„Артилерискиот баталјон е една од најдобрите единици во составот на Првата механизирана пешадиска бригада. Во текот на изминатите години бележи многу успеси, а кај нив како што е познато не може да има импровизации. Ниивните успеси се видливи. И онака како што ја демонстрираат огнената моќ со прецизност, брзина и висока професионална работа, така и ги нижат успесите“, вели Бригаден генерал Мирче Ѓоргоски, командант на Првата механизирана пешадиска бригада.

 

 

 

Припадниците од артилерискиот баталјон истакнаа дека се горди што се дел од АРМ, институција која ужива најголема доверба кај граѓаните на Македонија. Исто така им било чест што служат во Прилеп-градот херој. Беше нагласено и тоа дека артилериската едница е компатибилна според сите НАТО стандарди.

„Единица која што претставува голема моќ во составот на Првата механизирана пешадиска бригада и горди сме што можеме да се пофалиме со тоа“, кажа потполковник Ивица Цветкоски, командант на артилериски баталјон.

 

На свеченоста, беа доделни унапредувања, а водот на поручник Сара Мишева и оваа година беше прогласен за најдобар вод од составот  на баталјонот.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien