За три месеци починале 35 новороденчиња на Клиниката за гинекологија во Скопје

Facebook
Twitter
Email
Print

На скопската Клиника за Гинекологија во последните три месеци починале 35 новороденчиња, или само 2,6 отсто помалку од истиот период лани.

 

Од вкупниот број на бебиња, 144 кои завршиле на Интензивна нега (ОИНТ), повеќе од 35 починале што значи дека и оваа година Гинекологија ја тресат црни статистики.

 

Најчестите причини поради кои умираат бебињата се предвремените породувања, потоа бебиња кои починале поради ниска родилна тежина, а најмногу починале поради незрели бели дробови и сепса.

 

И министерот за здравство и директорката на клиниката ветуваа дека работите ќе се сменат, дека ќе бидат преземени строги мерки за надминување на овој сериозен проблем, но засега ништо.

 

„Недостапноста на родилиштата и несоодветната и ненавремена здравствена грижа на родилките е главна причина за нивната смртност, а најголем процент од починатите бебиња е поради нивната мала родилна тежина и предвремено раѓање. Во краткорочните мерки се подготвени упатства за следење на ризичните состојби во текот на бременоста, како и клинички упатства за постапување при сепса, проблеми со коагулацијата на крвта во текот на бременоста и за време на породувањето, упатства за постапување при покачен притисок кај мајката комбиниран со високо ниво на протеини во крвта“, изјави пред два месеци министерот Филипче.

 

Во последните три години годишниот просек на смртноста на новороденчињата на оваа клиника е околу 200. Трендот е почнат во 2016 година кога починале 185 новороденчиња што беше за два пати повеќе од 2015 година. И од тогаш просекот е околу 200.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи