Отчет 100 дена „Комуна“: Намален долг, реконструкција на улици, нови извори на вода

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Во првите 100 дена долгот на јавното претпријатие „Комуна“ се намалил за 2 милиони денари, претпријатието набавило материјал за реконструкција на улиците во град Крушево и се набавени корпи за подобрување на хигиената во општината. Ова се само дел од чекорите што се преземени во првите 100 дена на Наум Илиески како директор на ЈП „Комуна“.

 

Покрај ова, „Комуна“ во првите 100 дена набавле ХТЗ и канцелариска опрема и современо и економично возило за потребите на ова јавно претпријатие. Како донација директорот Илиески обезбедил корпи, клупи и фонтани од Пакомак и Општина Гази Баба, а дел од бекатон плочките со кои се реконструираат улиците во Крушево се обезбедени исто така како донација.

 

Во однос на наплатата за вода во град Крушево, таа е покачена на повеќе од 90 отсто, додека во населените места се движи од 40 до 60 отсто, што за директорот е бројка која се очекува во иднина да оди нагоре.

 

Во однос на водоснабдувањето, кратко по стапувањето на позицијата директорот на ЈП „Комуна“, Илиески се зафатил со изнаоѓање нови извори на вода и во зависност од временските услови ова лето директорот на „Комуна“ е оптимист дека нема да има недостатоци од вода во туристичката сезона.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Play Video

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Play Video