СДСМ : ВМРО-ДПМНЕ го раскрчмија и распродадоа имотот на ЈКП „Пазари“ Прилеп

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Криминалната ВМРО-ДПМНЕ којашто сега бесрамно се однесува како да изминативе 12 години била во опозиција, нема образ да зборува со состојбите во Јавното комунално претпријатие „Пазари“. Истакнаа денеска преку соопштение од О.О. на СДСМ Прилеп како одговор на прес конференцијата на О.К. на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

Одговорот го пренесуваме во целост.

 

„12 години партиските директори на чело со поранешниот градоначалник Марјан Ристески го раскрчмуваа и распродаваа имотот на „Пазари“ без око да им трепне.

 

Претпријатието го оставија во милионски долгови, а вработените без плати и надоместоци по колективниот договор.

 

На крајно сомнителен начин, во два наврати го продаваа „Млечниот пазар“ во строгиот центар на градот, прво на „Кам маркетите“, а потоа на „Тинекс“. Го оставија претпријатието без дуќаните од кои остваруваше профит, без за тоа да добие ниту еден денар.

 

Дали и колку некој се „офајдил“ од таквата продажба на Млечниот пазар, наскоро ќе откријат надлежните институции.

 

За жал, ниту во опозиција ВМРО-ДПМНЕ не може да си го промени криминалниот начин на размислување, и нема храброст да го поздрави домаќинското работење на новото раководство и напорите за финансиска консолидација и зајакнување на „Пазари“.

 

Градоначалникот Илија Јованоски и Владата предводена од премиерот Зоран Заев, за разлика од претходните криминални власти на Груевски и ДПМНЕ, работат одговорно и домаќински во интерес на сите граѓани. Земјоделците и тутунарите го чувствуваат тоа преку зголемените и навреме исплатени субвенции.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи