ВИДЕО – Општина Прилеп ќе се збратими со Општина Источно Сараево

Збратимување на Општина Прилеп со Општина Источно Сараево и воспоставување на економска, трговска, културна и туристичка соработка меѓу двете општини. Ова е исходот од денешната средба на амбасадорката на Босна и Херцеговина, Лепа Бабиќ со градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски, што се одржа во неговиот кабинет.

 

 

„Денеска во посета на нашиот град е амбасадорката на Босна и Херцеговина Лепа Бабиќ. Разговаравме за културните настани што нè поврзуваат како два сродни народа. Разговаравме и за збратимување на Општина Прилеп со Источно Сараево. Со задоволство ја прифативме таа понуда и мило ми е што ќе започнеме заедничка соработка со источниот дел од Сараево. Нашата соработка ќе продолжи и на економски план“, најави градоначалникот Јованоски.

 

„Немам што особено да додадам од она што го кажа градоначалникот. Но, нешто што сакам да истакнам е дека јас не сум прв пат во Прилеп и се чуствувам исто како дома. Ја започнавме приказната со Прилеп и еден од градовите во Босна и Херцеговина, поточно со Источно Сараево. Мило ми е што граѓаните од двата града ќе соработуваат на повеќе основи, а нашата соработка ќе ја збогатиме и на економски план“, потврди амбасадорката  Бабиќ.

 

На денешната средба  се разговараше и за тековни проекти и активности на Општината.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien