Формирано национално координативно тело за недискриминација

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Националното координативно тело (НКТ) за следење на состојбите со недискриминација и реализацијата на законите, подзаконските акти и стратешки документи во оваа област ја одржа конститутивната седница.

 

Во својство на координатор, како што соопшти Министерството за труд и социјална политика, се обрати министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, која нагласи дека во работата на ова тело сечие мислење ќе биде ценето, а конструктивните критики кои ќе дадат придонес во унапредување на состојбите се добредојдени.

 

„Потребата од формирање на посебно тело за координација и следење на состојбите со недискриминација е пред се заради подигнување на транспаретноста во работењето на државните институции во оваа област, координација на активностите меѓу институциите и организациите (здруженија на граѓани и меѓународни организации), заедничко воспоставување на приоритети на годишно ниво во оваа област врз основа на меѓународни и други извештаи и анализи, како и континуирано следење на состојбите во оваа област и заедничко предлагање на мерки за подобрување на состојбите“, се наведува во соопштението од министерството.

 

Во работата на НКТ за недискриминација учествуват 36 претставници на министерства и други државни институции, граѓански и меѓународни организации, синдикати и институти.

 

Формирањето на ова тело е во насока на спроведувањето на Програмата за работа на Владата на Република Македонија 2017-2020 и Стратегијата за еднаквост и недискриминација 2016-2020, со што ќе се постигне подобра координација и ефикасност на механизмите за спречување и заштита од дискриминација, а со цел градење на еднакво општество за сите.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Play Video

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Play Video