Царовска: Нема зголемување на старосната граница за пензионирање

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Зголемување на старосната граница нема да има, а пензиите се стабилни и безбедни, рече денеска министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, на прес-конференција во Владата на која информираше за реализацијата на програмските цели во периодот јуни 2017-април 2018 година.

 

„Пензиите во моментов се стабилни и безбедни, но ние не се интересираме само за сегашните пензионери, туку и за идните. Владата на ВМРО-ДПМНЕ три пати ја зголеми дупката во Фондот и работиме на решавање на овој проблем. Детали сега не можам да откривам, бидејќи сѐ уште се работат анализите и проценките, но многу скоро ќе завршиме и ќе ја информираме јавноста што ќе преземеме“, рече Царовска.

 

Царовска информира за сработеното во изминатите 11 месеци. Рече дека вкупно 4.535 стечајци добија позитивни решенија, а околу 90.000 граѓани повисока плата, обезбедени се средства за 138 нови вработувања во центрите за социјална работа и се вработени 486 лица на неопределено време во градинките, отворени се три нови регионални преноќувалишта за бездомни лица и е завршена реконструкцијата на 30-те центри за социјална работа кои опслужуват повеќе од 200.000 граѓани.

 

Покрај капиталните и проектите за детска заштита, се подготвуваат нови закони за социјална заштита и за работни односи, се работи и на нов европски закон за недискриминација, а со Оперативниот план кој овозможува да аплицираат и социјалните претпријатија, како и граѓанските организации, се предвидени една милијарда денари за вработување.

 

„Од капиталните инвестиции годинава, почната е изградбата на современ центар за аутизам во Скопје, на два дневни центра за лица со интелектуална попреченост во Куманово, на еден дневен центар за Даунов синдром во Скопје и на Дневен центар за церебрална парализа во Прилеп. Обезбедени се и две станбени единици во Неготино и село Тимјаник, а се проширува и капацитетот на Општинскиот дом во Берово. Во тек е трансформацијата на институциите и извлекувањето на децата од институциите, и генералната заложба е да нема дете до 3- годишна возраст сместено во институција, бидејќи тоа негативно влијае на раниот детски развој“, подвлече Царовска.

 

Одговорајќи на новинарско прашање во врска со домовите „Ранка Милановиќ“ и „25 Мај“, Царовски нагласи дека е преземено се беше во рамки на Министерството. Сменет е директорот во „25 Мај“, а едно лице од „Ранка Милановиќ“ е суспендирано по итна постапка.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи