ВИДЕО – Митрополит Петар : Бев уапсен на аеродромот, лишен од слобода и испрашуван, но повеќе детали има мојот адвокат

Бев уапсен, лишен од слобода и испрашувано, но без мојот адвокат не сакам повеќе да зборувам околу ова. Вака денеска изјави во Прилеп, Митрополитот Прреспанско – Пелагонски во врска со настанот од пред 2 дека кога тој беше стопиран од страна на финансиската полиција на аеродромот во Скопје.

 

 

„Јас имам адвокат, тој е Љубомир Михајлоски – Џанго кој е поранешен министер во една од владите на СДСМ и јас нема повеќе да кажувам ништо околу овој случај, тој е задолжен за тоа. Бев приведен, лишен од слобода и испрашуван и итн… јас им кажав дека имам свој адвокат кој ме застапува и без него нема да кажам ниту еден збор. Понатаму адвокатот си ја презеде својата улога и нормално им покажа и докажа на тие кои ме уапсија дека направиле грешка во својата постапка и дека не смееле тоа да го направат, тие се извинија“, изјави Митрополитот Петар.

 

Инаку Управата за финансиска полиција во врска со задржувањето на владиката Петар на меѓународниот аеродром Скопје истакна дека има одредени сознанија, но бидејќи се работи за предмет кој бил во предистражна постапка не е во можност да сподели информации со јавноста.

 

И покрај нашите обиди телефонски да стапиме во контакт со адвокатот Љубомир Михајлоски, за да ни објасни што точно се случило на аеродромот, не успеавме во тоа.

 

„Јас не патував за Австралија, патував на друго место, но бев спречен да го искористрам моето право да летам со авионот, но затоа со следниот авион летам“, додава Митрополитот Петар.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи