ВИДЕО – СОУ „Ѓорче Петров“ Прилеп со нов проект од Еразмус плус програмата – вклучени ученици од 5 држави

„Наследството од минатото, искуството од сегашноста и ветувањето на иднината“ ова е насловот на проектот кој е дел од Еразмус плус програмата, финансиран од ЕК преку Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, а во кој учествува и СОУ „Ѓорче Петров“ од Прилеп. Проектот вклучува 5 партнери земји, Германија, Шпанија, Македонија, Италија и Турција. Mоментално во Прилеп се присутни 20 ученици и по двајца наставници од сите 5 земји учеснички. Главната цел на проектот е да се научат разликите помеѓу народите и да се зголеми толеранцијата.

 

 

„Со проектот се предвидува партнерите да се запознаат со културното наследство од земјите учеснички, а исто така опфатена е и темата со ситуацијата на мигрантите. Нашето училиште има учествувано во повеќе проекти од Еразмус плус програмата, овој е од делот на „Клучна акција 2“, односно стратешки партнерства, размена на искуства и добри практики. Партнериите се кај нас за прв пат. Досега имавме воведна работилница во Турција, само наставници и бевме во Шпанија во Мадрид каде исто така имавме учество со ученици“, истакна изјави Елизабета Милошеска, координатор на проектот.

 

Гостите во Прилеп беа пречекани на традионален начин со погача и традицонални носии. А по повод празникот Велигден, како дел од запознавањето на различните традиции и култури учениците вапсуваа јајца и вкусија традицонални македонски специијалитети. Претходно гостите го посетија, Охрид, Марковите кули во Прилеп и сите музеи и знаменитости. Хатиџе Зехра Џин, наставник од Германија по прв пат е во Прилеп и Македонија и вели дека тука и е прекрасно.

 

„Ми се допаѓа Македонија, мојот прв впечаток кога дојдов тука беше што има свеж воздух, природата е навистина прекрасна, воздухот ми мириса постојано свежо, луѓето се многу љубезни, се е толку смирено тука, нема брзање, гужви, стрес и нервоза, што морам да кажам дека не е воопшто така во европските земји“, вели Хатиџе Зехра Џин, наставник од Германија, главен координатор на проектот.

 

Зехра Џин вели дека најдоброто нешто од овој проект било тоа што учениците доаѓале тука е се сместуваат кај сосема непознати другарчиња.

 

„Се запознаваат со една странска земја, учат за нејзината историја, традиција, јазик, тие навистина го сакаат сето ова, што често пати кога се разделуваат тие плачат. Многу е убаво да се види како луѓето од различни земји, култури и религии можат да бидат пријатели и да учат едни за други“, додава Хатиџе Зехра Џин, наставник од Германија, главен координатор на проектот.

 

 

Учениците од Германија, Шпанија, Италија и Турција исто така беа восхитени од Македонија.

 

„Доаѓам од Торино Италија, за прв пат сум тука, ова е многу мирно место. Навистина се чувствувам тука релаксирано, во Италија мојот живот е доста стресен и брз, тука се чвствувам како да земам пауза од секојдневието. Многу е убаво искуство“, вели Паоло Магиоре, ученик од Италија.

 

„Навистина ми се доапаѓа тука, овде е можеш да одиш ии да правиш што сакаш, сите се гостопримливи, се надевам дека повторно ќе се вратам тука и дека пак ќе уживам во престојот“, рече Тао Фам, ученик од Германија.

 

 

Нивните врсници од Прилеп се покажаа како вистински домаќини запознавајчи ги со историјата, културата ии традиицијата на Прилеп и Македонија.

 

„Ова е прва средба со децата од Италија, Шпанија, Германија и Турција и навистина е убаво да се биде дел од еден ваков проект, каде се запознаваме со многу нови култури и традиции и стекнуваме нови пријателства“, рече Ева Димеска, ученик од Македонија.

 

„Голема е честа да се учествува на еден ваков проект, децата се сместени кај нас во семејства. Наредната година јас одам во Германија, мислам декла е убаво да се учествувам се стекнуваат нови пријателства, нови традиции, се надевам дека и децата се воодушевени од пречекот тука“, додава Сања Цветкоска, ученик од Македонија.

 

„Ова е втор дел од проектот Еразмус, првиот тим од Македонија беше претходно пратен во Шпанија во Мадрид, таму бевме една недела, а сега истите ученици кои не пречекаа таму се враќаат кај нас. И понатаму имаме организирано други патувања во Германија и Италија“, истакна Бошко Бошев, ученик од Македонија.

 

Наредната средба помеѓу учениците од 5-те држави, која е дел од овој проект, ќе се одржи во Италија во Торино.

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи