ВИДЕО – Kривична пријава за поранешниот градоначалник на Прилеп и 5 други лица

Полициската станица од општа надлежност Прилеп, поради постоење основа но сомнение за сторени кривични дела, до ОЈО Прилеп поднесе кривична пријава против лицата: М.Р. (46) за сторено кривично дело “злоупотреба на службената положба и овластување“, М.С. (59) за кривично дело “злоупотреба на постапка за јавен повик“, И.К. (63), Љ.М. (58), И.Ч. (67), Б.Н. (54) за сторено кривично дело -“злоупотреба на службена положба и овластувања“. Исто така кривично е пријавено и правното лице “Пела Транс“ ДООЕЛ, с. Мажучиште, прилепско а во врска со кривично дело „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавнa набавкa или јавно-приватно партнерство“.

 

 

„Имено, М.Р.  во својство на одговорно лице – градоначалник на Општина Прилеп, му овозможил на пријавеното правно лице да се стекне со противправна имотна корист од 77.031.890 денари, средства од буџетот на општина Прилеп  со тоа што создал услови правното лице да биде единствен понудувач и воедно избирана фирма за најповолен понудувач на постапката за јавна набавка за зимско одржување на улици и патишта на територијата на општината Прилеп. Пријавената фирма, пак, спротивно на  Законот за јавни набавки, не можела  да учествува во постапките за јавни набавки поради неплатени обврски за даноци како и нивно несервисирања по склучени репрограмирања за одложено плаќање на обврските. Второпријавениот М.С., пак во својство на сопственик и управител на фирмата поднесувал  лажна документација, меѓу другото и уверение за платени даноци и придонеси, а сето тоа  во договор  со одговорни лица во општина Прилеп, односно со пријавените  И.К., Љ.М. и И.Ч. коишто  од страна на М.Р. биле назначени за членови во Комисијата за јавни набавки. Истите како членови на таа комисија биле присутни во сите случаи при евалуација и одлучувале при секоја постапка за оваа јавна набавка во периодот од 2012 – 2017 година“, истакна Сања Стаматова, портпарол на СВР Битола.

 

Стаматова рече дека истовремено, И.К., Љ.М. и И.Ч. невршејќи ги обврските кои им произлегувале како членови на Комисијата, согласно Законот за јавни набавки, никогаш не побарале од пријавената фирма да биде доставено оригинално уверение за платени даноци и придонеси ниту пак по службена должност побарале од УЈП да ја потврди фактичката состојба, иако биле должни да го сторат со оглед дека како задолжителен дел од понудата биле и билансите на состојба  во кои стои позицијата за неплатени даноци. Дури пријавената фирма во тој период евидирала  и на листата на должници од УЈП – која се објавувала страна на Управата и која е јавно достапна, уште во билансот на состојба од 2011 година, кога бил наведен долг – обврска за даноци и придонеси од преку 7.000.000 денари.

 

„Но, наместо со закон пропишаните постапки во текот на сите тие години, со намера да го фаворизира овој економски оператор, Комисијата воопшто невршела дополнително обезбедување на потребните законски предвидени документи и секогаш ја прифаќале понудата на “ПЕЛА ТРАНС“ ДООЕЛ с. Мажучиште, како прифатлива. Исто така, И.К. и Љ.М. овозможиле во тендерската документација – техничката спецификација, да бидат поставени услови кои ја фаворизираат пријавената фирма со тоа што креирале услови на фаворизирање на овој правен субјект поставувајќи економски и технички параметри кои само овој субјект ги исполнува. Така, меѓу другото, утврдувале критериум понудувачот да има реализирани договори за зимско одржување на улици и патишта со патна мрежа како онаа на општина Прилеп во последните 3 или 5 години, вид на возила кои ги поседува само ова правно лице, вид на материјал и сл. Покрај ова, биле предвидувани и лимити во вредноста на договорите со кои се барало вредноста на договорите, поединечно, да се движи во вредности што биле склучените во претходни договори со “ПЕЛА ТРАНС ДООЕЛ“ с. Мажучиште, така што ако претходните три години договорите биле со вредност од по 10.000.000 денари, тоа било поставувано како услов, ако биле поголеми – за услов биле поставувана таа вредност“, додаде Стаматова.

 

Според СВР Биитола сите  фирми со кои ПЕЛА ТРАНС ДООЕЛ с. Мажучиште имала деловна соработка – видно од изводи од банка, никогаш во ниту една постапка не се појавиле како понудувач во постапката за јавна набавка за зимско одржување на улици и патишта при општина Прилеп, а во постапките кои ги спроведувала Комисијата за јавна набавка врз основа на чл.100 од Законот за јавни набавки, други фирми воопшто не биле поканувани – за постапка за Барање за прибирање на понуди без објавување оглас.

 

„Од страна на М.Р. за  надзор за вршењето на зимското одржување е назначувано ЈП за ПУП Прилеп при што како надзорен инженер во својство на надзорен орган бил поставен шестопријавениот Б.Н. кој  ја злоупотребил службената положба и овластување на начин што не вршел споредба на позициите искажани во ситуациите со оние во градежниот дневник. Сите пријавените со погоре опишаните дејствија овозможиле фирмата “ПЕЛА ТРАНС ДООЕЛ“ с. Мажучиште да се стекне со противправна имотна корист, по склучени Договори за јавни набавки за зимско одржување на улици и патишта за територијата на општина Прилеп за периодот од 2012 – 2017 година во висина од 77.031.890 денари, средства од буџетот на општина Прилеп“, вели Стаматова.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи