Денеска и утре во Прилеп, на Паркот на Револуцијата се одржува 18-тата по ред меѓународна изложба на различни расии на кучиња „ C.A.C.I.B. Прилеп 2018“. На изложбата учествуваат над 400 кучиња од над 20 европски земји, како што се Србија, Бугарија, Грција, Романија, Австрија, Унгарија, Шведска, Косово, Италија, Франција, Чешка, Словачка, Хрватска и други. Организатор на изложбата е Кинолошкото друштво од Прилеп.
Погледнете дел од пректрасната атмосферата на оваа изложба.