Во центарот на Прилеп денеска мото клубот „Sons of Thunder MC“ организираше едукативна кампања за учесниците во сообраќајот насловена како „Погледни два пати, спаси живот“. Во исто време со оваа кампања се организираше и хуманитарна акција за 14 годишна прилепчанка Ивана Трпческа, на која и се потребни средтсва за пресадување на коскена срж. Оваа кампања „Sons of Thunder MC“ ја одржуваат континуирана од 2008 година.
„Континуирано од 2008 година „Sons of Thunder“ ја одржува својата традиционална кампања „Погледни два пати, спаси живот“, која се однесува на учесниците во сообраќајот. Посебно на оние учесници кои се на 4 и повеќе тркала да обратат внимание на моторциклистите, особено сега кога временските услови се подобруваат. Исто така и моторциклистите да носат заштитна опрема која што многу значи во управувањето на моторцикл.
Напоредно со оваа акција се роди и идејата за организирање на хуманитарна акција за помош на нашата 14 годишна прилепчанка Ивана Трпческа, за пресадување на коскена срж.
Делиме флаери тука моментално на плочникот, инаку заедно исто така и со патрола од полициската станица Прилеп, беа стопирани возила, беа делени флаери и кој сакаше да разговара малку на таа тематика со нас, разговаравме со нив.
Ние ја организираме оваа акција континуирано од 2008 година. Периодично ја организираме, претежно овој период и на крај на сезона, септември или октомври месец. Исто така на собири и манифестации ја промовираме кампањата „Погледни два пати, спаси живот“, изјави Симен Стојчески, претседател на мото клубот „Sons of Thunder MC“.