ВМРО-ДПМНЕ : Помина период од 6 месеци, а Прилеп тоне во неспособноста на градоначалникот и локалната власт

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Во услови кога градот и државата ги води една неспособна власт, безидејна без никакви проекти градот кој важеше за еден од водечките градови во Р.М по инвестиции, инфраструктура зеленило, чистота, средени училишта, спортски терени и објекти, препознатливи манифестации, сега е препуштен на милост и немилост од неспособен градоначалник и локална власт. Истакнаа денеска во реакцијата на О.К. на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, која следуваше по прес конференцијата на О.О. на СДСМ Прилеп.

 

 

Реакцијата ја пренесуваме во целост.

 

 

Помина период од 6 месеци без никаква видлива трага од работењето и подобрување на квалитетот на живеење на прилепчани. Како што ветуваа и ги излагаа: Нема инвестиции, нема нови работни места, нема покачување на платите и пензиите, нема инфраструктурни проекти во градот и селата, се е оставено на забот на времето и она што беше изградено претходно. Не можат да го одржуваат градот, а камоли да изградат нешто друго.

 

Градот тони во ѓубре и неред со уништени улици, паркови, детски и спортски игралишта. Прилепчани се вратени назад во времето како пред 20 години и единствено што добија овие месеци со новата локална власт се повисоките сметки за изршување на комуналните услуги. На сето ова се надоврзува и погубната политика на владата, со секојдневно понижување на македонскиот народ и распродавање на македонските национални интереси.

 

Со цел да се прикрие ова погубно делување на централната и локалната власт и немајќи теми со што да ги занимаваат прилепчани, сведоци сме на секојдневно поднесување во градот и Р.М на бесмислени кривични пријави пред надлежните институции за поранешни функционери од ВМРО-ДПМНЕ од градот и Р.М со цел да го одвлечат вниманието на јавноста од својата неспособност.

 

Почитувани сограѓани, така и овие смешни кривични пријави против претходниот градоначалник на Прилеп кој ја претвори Општина Прилеп во едно попристојно место за живеење и гордост на сите нас, наидуваат на потсмев и револт кај граѓаните кои очекуваа резултати, а не политички хајки од оваа власт. За жал тоа не го добијаа но добијаа политички реваншизам кој досега не е запаметен во поновата историја на Р.М. Извртувајќи ги вистините и реалноста во друга насока спротивна на вистината и интересот на народот, да ве потсетиме дека уште 100 бесмислени кривични пријави да поднесите, нема да се исперите за целото зло што го нанесувате на Прилеп и Р.М.

 

Нема да заборават граѓаните на ветените проекти: Нови фабрики, затворен базен, обиколници, гасификација, пат до Велес и грчка граница преку Бабуна, подземна сообраќаница и затворен пазар, нови спортски сали, нови градинки и куп други лаги кои му ги должите на граѓаните. Како што умеете да го правите тоа, наскоро ќе следуваат серија издржани кривични пријави со куп недоследности кои ги прави градоначалникот и другите локални функционери во јавните институции, за рок од неполна година.

 

Кривичната пријава е неоснована. Немам никаква вина. Наводите во неа се невистинити, а пријавата е поднесена само со една единствена цел, да бидам дискредитиран пред јавноста и да се оттргни вниманието на истата од актуелните случувања.

 

Почитувани, зад оваа политичка хајка стојат луѓе со имиња и презимиња кои добро ни се познати затоа што еден ден ќе сносат одговорност за политичкиот терор што го прават за да ја прикријат својата неспособност.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи