ГАЛЕРИЈА : Кина наскоро ќе го пушти во употреба најголемиот мост во светот

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Овој месец, Кина ќе го отвори својот најамбициозен градежен мегапроект, мост што ги поврзува Хонг Конг, Макао и јужниот дел на градот Чухаи на копното. Мостот се протега 34 милји и тоа е најдолгиот мост во светот по мост.

 

Ова е дел од поголемиот проект на Кина со кој таа планира да се стопира миграцијата од неразвиените подрачјка и токму затоа земјата инвестираше десетици милијарди долари во гигантски инфраструктурни проекти.

 

Овој мост чини 1,5 милијарди долари и според експертите својата функција ќе ја врши и во наредните 120 години. Мостот има 6 ленти и 4 тунели, од кои едниот е под вода.

 

Кина, исто така, изгради четири вештачки острови за поддршка на оваа структура. Мостот се смета за „инженерско чудо“, тој е направен од 420.000 тони челик – доволно за изградба на 60 Ајфелови кули.

 

Се очекува на мостот дневно да поминуваат околу 40.000 возила, вклучително и шатл-автобусите што ќе работат во 10-минутни интервали. Пешаците нема да можат да го преминат мостот, ниту велосипедистите, тој е наменет само за автомобили.

 

Кина веќе е дом на (сега вториот) најдолг морски мост на светот, кој опфаќа 26,3 милји. Завршен е во 2011 година, оваа структура од 1,5 милијарди долари го поврзува источниот крајбрежен град Кингдао со предградието на Хуангдао.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Play Video

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Play Video