Се санира патот Крушево – Пуста Река

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Јавното претпријатие за државни патишта и Македонија пат започнаа со санација на патот Крушево-Пуста река, кој што има сериозни оштетувања.

 

Се врши поправка на ударните и поголеми дупки на овој регионален пат, а Градоначалникот на Општина Крушево Томе Христоски денес беше на увид каде што екипите веќе започнаа со работа.

 

„За оваа година издејствувавме санација на овој регионален пат. Со тоа, ќе го олесниме движењето на возилата, иако не се работи за целосна реконструкција. Граѓаните мора да добијат пристојни патишта за движење, како локални, така и регионални“, порача Градоначалникот Христоски.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Play Video

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Play Video