ВИДЕО – Самарџиоски, Филипоска и Рисимкин дел oд акцијата „Feed your brain“ на Економскиот факултет во Прилеп

Feed your brain“ или „Нахрани го својот ум” беше насловот на настанот кој денеска се одржа на Економскиот факултет во Прилеп, а кој пак е дел од граѓанска платформа „Мрдни со прст“. Целта на настанот е да се мотивираат студентите за патот до успехот преку животните стории на познаните бизнисмени и личности од јавниот живот. Пред студентите се обратија Сашо Самарџиоски, Лила Филиповска и Рисима Рисимкин.

 

 

„Првата е страст, втората е работа, а третата е фокус. Ако овие трии работи ги има на едно место дефинитивно ќе има успех во она што го прават луѓето. Јас и моите пријатели кои денеска ќе зборуваме тука, се само доказ дека доколку се следат овие начела може да се успее, па дури и во Македонија“, рече Лила Филиповска, ТВ водител.

 

„Не би ја издвоила Македонија тука на посебен начин, мислам дека секаде е тешко да се постигне тоа што сакаш. Каде и да се наоѓаш сам треба да си ги создаваш условите и сам да успееш во тоа што го посакуваш. Сите се соочуваме со успони и падови во живото и во секоја ситуација се соочуваме така како што човек најдобро умее, сето тоа не прави поискусни и мислам дека никој не треба да се откажува пред првата препрека“, изјави Рисима Рисимкин, моден кореограф.

 

„Младите треба прво да веруваат во себе, да имаат сон кој што сакаат да го остварат и никогаш да не се откажуваа, па макар тоа и на почетокот да изгледа невозможно, секогаш на крајот ќе се состават коцките и работите можат да тргнат на подобро. Кај нас за жал општетсвото е такво какво што е, но сепак не треба да се откажеме од младите, а младите не треба да се откажуваат од својот сон“, вели Сашо Самарџиоски, Прилепска пиварница.

 

Модератор на настанот беше Жарко Димитриоски, автор и водител на најпопуларното Македонско ток шоу, „Еден на Еден“ и креативен директор во истоимената маркетинг агенција.

 

„Многу ми е мило што сме сега дојдени во Прилеп ова е Feed your brain караван одиме низ сите државни универзитети во Македонија, бевме во Скопје, Штип, Тетово, сега смее тука, а може ќе одиме и во Струмица. Продолжуваме со мотивациија со цел да ги информираме студентите со успешни приказни на успешни луѓе кои ги ценат, кои ги знаат, бизнисмени, луѓе од јавен живот, лекари има од се по нешто. Говорниците зборуваат по 20-тина минути, а после тоа има предводено и меѓусебно дружење со студентите“, истакна Жаре Димитриоски, водител и креативен директор на „Еден на Еден“.

 

 

Студентите велат дека ваквите настани им помагале да се пронајдат себеси и да си дадат мотив што да прават понатаму.

 

„Економскиот факултет заедно со студентскиот парламет во соработка со продукцијата „Еден на Еден“, а воедно и во склоп на проектот „Мрдни со прст“ овозможија да се реализира овој настан кој што е наречен Feed your brain. Целта е да се се мотивираат студентите за патот до успехот преку животните стории на познаните бизнисмени и личности од јавниот живот. Се надевам дека како претседател на студентскиот парламент ќе им овозможам на сите студенти, а воедно и на сите оние кои што сакаат да направат нешто во својот живот да се мотивиираат. Овие говори се од големо значење за младите сите овие успешни луѓе порано биле обични студенти, а преку ваквите говори ќе дознаеме како тие од обични луѓе станале до она што се денес“, истакна Ивана Сурлаџиоска, претседател на студенстки парламент на Економски факултет Прилеп.

 

„Мислам дека ваквите настани се многу добри и мислам дека овие луѓе претставуваат мотивација за нас бидејќи тие достигнале голем успех во својот живот“, рече Ана Плетварец, студент на Економски факултет Прилеп.

 

„Од секогаш сум сакал да ги слушнам приказните на  успешните луѓе. Тоа ме мотивира и мене во иднина да станам како нив. Сакам да слушнам како успеале во својата работа“, вели Трајче Маџоски студент на Економски факултет Прилеп.

 

Овој настан досега се одржал на три различни Универзитети во Македонија, а „Мрдни со прст“ е граѓанска платформа, чија мисија е да поттикне акција на размислување за индивидуалната одговорност и поголема граѓанската вклученост во решавање на општествените прашања кои сите нè засегаат, бидејќи секое мало мрдање со прст придонесува за големи резултати и промени. Иницијативата започна пред повеќе од една година и секој граѓанин, граѓанска иницијатива или организација може да стане дел од неа.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи