ВИДЕО – Вработените во „Еурокомпозит“ најавија нови протести, еден месец се без директор и немаат земено плата

Вработените во прилепски „Еурокомпозит денеска најавија нови протести, бидејќи еден месец работат без директор и немаат земено плата. Последната плата ја добиле пред 40-тина дена, а сега нема кој да ја потпише другата. Велат дека иако постојано се обраќале до кабинетот на вицепремиерот Анѓушев да им кажат дали ќе добијат нов директор и дали е прифатена оставката на стариот од таму ништо не сакале да им кажат.

 

 

„Директорот си даде неотповиклива оставка, дали е прифатена или не ние не знаеме, дојде време за наредна плата и помина тоа време, а ние немаме земено плата. Ние овој месец работиме без директори, по добра волја на сите овие вработени, досега се извршуваат сиите обврски без никакви проблеми. Ама денеска решивме да ја предупредиме Владата дека доколку во овие два дена не ни исплати плата, како што беше ветено дека секој месец ќе земаме плата, ни излегуваме со радикални мерки и од понеделник ќе започнеме со нови протестии, блокадии на патишта и повторно поставување на шатори пред Влада“, истакна Роберт Богданоски, претседател на синдикален добор.

 

Вработените сметаат дека Владата со ова само купува време иако им било ветено дека проблемот ќе биде решен за само 6 месеци. Бараат итна средба со премиерот Зоран Заев.

 

„Шести месец еве откако имавме средба со Заев никој нема мрднато ниту еден милиметар. Никој не сака да го види нашиот проблем, да не праша зошто штрајкуваме, зошто сакавме директорите да ги смениме, доста криминал им открија и никој до денеска не сака ниишто да каже. Не држат во неизвесност, си купуваат време и затоа апел до премиерот да не прими една делегација да си ги кажеме маките за да не доаѓа до вакви ситуации на протести и блокади“, вели Цветан Бунтески, член на синдикален одбор на Еурокомпиозит.

 

Претставниците од СИЕР обвинуваат дека ниту едно прашање што им ветено дека ќе започне да се разгледува досега не било решено. Фирмата немала директор, не се покренало прашањето за технолошки вишок. Работнците работата без раководство кое треба да има даде задачи.

 

„ Очигледно е дека нешто не штима во работите, ниту еден од договорите кои беа постигнати на последната средба не се почитува, освен едната исплатена плата. Нема директор, нема ниту најава, за тоа пак треба да се одржи собрание на акционери, па да се изберат органи на управа и дури после тоа директор. Изгубено време, а во рок оде 6 месеци требаше да се реши проблемот. Веќе помина месец и половина откако требаше да се реши проблемот. Не е покренато ниту прашањето на технолошки вишок, бидејќи нема кој да го покрене, работниците работат, ама тоа не е организирана работа. Очигледно дека треба да има соодветно раководство. Во најскоро време мора да се реши проблемот, во спротивност работниците се спремни дури и колективно да потпишат отказни решенија, ако веќе проблем се работниците“, изјави Лазе Ангелески, претставник на СИЕР.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien